ЗАЕВ ВО ОДБРАНА НА ГРЧКИТЕ: Камо среќа така да се залагаше и за Македонските интереси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го видовме Зоран Заев како на грчка телевизија се труди, се жили да допрел до грчките националисти правдајќи дека имал добар договор, ама добар за по грчки терк. Човек да позавиди како ги брани грчките интереси…камо среќа вака да се залагаше за македонските интереси кога преговараше, истакна пред големиот број присутни граѓани на денешниот мирен марш во Струмица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој додава дека Заев гордо ги гарантирал грчките интереси, а каде се македонските овде.

-И додека тука дома вели идентитетот е зачуван во Грција изјавува: идентитетот е чувство, па сети се на Мучето Зоране кога го фрлија пред оваа зграда. За тоа ли гинеа луѓето? Не е чувство Зоране кога ќе кажеш „македонска армија“ и веднаш потоа Министерството за надворешни работи на Грција ќе те прекори. Не треба ние, Грците го демантираат Заев, нагласува Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека ќе дојдат времиња кога ќе се најде некој што ќе сведочи и раскаже за ова време и овој договор.

-И нема дилема дека од една историска дистанца кога ќе се раскажуваат овие времиња, и кога ќе се знае како се договарал овој капитулантски чин убеден сум дека ќе се појави некој нов Фрчковски кој ќе сведочи за некои нови куферчиња, и некои нови амфори, но Зоран Заев не е Глигоров, и овој Зоран, Зоран Заев го видовме како и за многу помалку се нафаќа да сработи. Но тоа е работа која ќе се знае во некое друго време, но секогаш ќе се сеќаваме на ова време, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This