ЗАЕВ ВО ОДБРАНА НА КАЕВСКИ: Тој е добар кадар и не е должен да чита

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По скандалот со објавената збирка поезија од страна на Агенцијата за млади и спорт, директорот на оваа институција Дарко Каевски денеска ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

-Директорот вчера се извини како покровител и потпишувач на проект за млади поети. Тој навистина не е должен да чита се што има во материјалот, ниту, пак, е должен да го провери целиот материјал. Јас како градоначалник имам помагано финанисирање на книги, и како комерцијален директор имам помагано во објавување книги. Не сум ги читал сите тие книги и детали и од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе или слично, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го разреши Каевски.

Според него, директорот на Агенцијата за млади и спорт е добар кадар, кој покажал добри резултати и добро ја води самата институција.

– Денеска ќе имам состанок, сакам да ги видам сите детали и од тој аспект  заедно ќе донесеме одлука за оваа работа, но споделувам тоа што во моментов го чувствувам, рече Заев.

-Осудувам, додаде тој, ваков вид на дискриминација на погани зборови коишто се испратени во јавноста.

Според него, институциите мораат да бидат внимателни, посочувајќи дека во мал дел од институциите е променета структурата.

– Функционираат стари комисии, раководителите на секторите и на одделенијата се стари, законите се бетонирани, неможете да поместите раководител без негов исказ. Тоа е тој што меѓудругото ги креира политиките внатре. Зборувам за сите институции така што веднаш не треба да се бара одговорност, ако во суштина и во детали не постои таквата одговорност, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This