ЗАЕВ ВО ШВАЈЦАРИЈА СО ПОНУДА ДО АЛБАНСКАТА ДИЈАСПОРА: Заев за глас повеќе ги продава националните интереси и на албанската дијаспора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За глас повеќе лидерот на СДСМ Зоран Заев националните интереси ги продава и на албанската дијаспора.

zaev-dijaspora
Имено Заев беше во дводневна посета на Швајцарија, каде во неделата во Берн се обратил на дебата реализирана со албанската дијаспора, а на тема „Македонија на праг на избори: Промените, илузија или реалност?“. Покрај него обраќање имал и Зијадин Села. Според официјалната најава пак од СДСМ, Заев ќе имал трибина со граѓаните од Македонија кои живеат и работат во Швајцарија.

Се појасно станува е дека Заев ја тера својата агенда за федерализација и двојазичност на Македонија. По многубројните изјави на оваа тема, двојазичните табли на општинските организации на СДСМ низ Македонија, следно на агендата на Заев беше дебатата со албанската дијаспора за продажба на националните интереси.

За потсетување, Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора отворено во април призна дека остварувал средби со Заев, разговарале за федерализација и по таа средба помалите албански партии излегле на улица за да го поддржат Заев да нема избори. Тогаш, во изјавата Љамалари повторно нагласи дека тој се залага за федерализација на Македонија, нешто што како што вели, сите го знаат.

Дека не се откажува од планот и намерата за двојазичност на Македонија, Заев потврди и во интервјуто за ТВ 21 каде недвосмилено изјави дека ќе го промени и Уставот за да се регулира двојазичноста во земјава.

Најскандалозна беше изјавата дека според него „грдото лице на Македонија“ се сите оние луѓе кои не се согласуваат со него.

Сите изјави и чекори кои ги презема лидерот на СДСМ само ги потврдува дека неговите најави за двојазичност на целата територија, се сериозни што наиде на огромен револт кај македонските граѓани, но и кај експертската јавност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This