April 26, 2024, 12:51 pm

Заев: Вредностите на ООН, мир, развој, човекови права и еднакви шанси за сите остануваат вечни и секогаш актуелни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев, по повод 24 октомври – денот на основање на Обединетите нации, на својот фесјбук профил порача дека Вредностите на организацијата на ОН остануваат вечни и актуелни.

Во времето во коешто живееме, време на глобални безбедносни, климатски и здравствени закани, вредностите на кои се издигна организацијата на Обединетите нации – мир, развој, човекови права и еднакви шанси за сите, остануваат актуелни и вечни вредности – пишува премиерот Заев.

Според Заев, Македонија го дава својот активен придонес во остварувањето Милениумските цели за одржлив развој на Обединетите нации. Како што вели, тоа е цивилизациска, хуманистичка и човечка обврска која е многу посилна од законската и која произлегува од ратификацијата на декларациите на Обединетите нации.

На денешен ден, на 24 октомври 1945 година, кога светот почна да ги залекува раните од тукушто завршената катастрофална Втора светска војна, со објавата на Повелбата на народите се роди организацијата на Обединетите нации. Организација, која на сите народи им донесе надеж за подобра иднина и за мир во светот. И денеска 76 години подоцна Обединетите нации и сите нејзини агенции, сите луѓе вклучени во програмите на организацијата на народите, сѐ уште ја одржуваат и ја шират таа иста надеж дека секој конфликт има мирна разрешница – вели Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This