ЗАЕВ ГИ ВЛЕЧЕЛ СИТЕ КОНЦИ: Бранко бил единствен жив претседател, а тој многу се грижел за децата на Мухамед Зекири!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не поминува ден, а Заев да не не` израдува и насмее со некој негов комичен настап, идеја и логика која никој освен тој самиот не може да ја разбере

crep_ajnstajn

 

Главна тема на разговор и забава на Македонските граѓани во последните неколку дена беше веселата математика на Заев за метрите на литар квадратен по сантиметар на час, и неговите најави дека ќе ја направел Македонија двојазична на целата нејзина територија за да можел секој што сака да се запишe во музичко училиште.

Нејсе, во својот комичен настап кај Борјан во некоја „шупа“ како што ќе каже Саше Аналитико, Заев продолжи со логиката која до ден денес никој не може да ја разбере, а ниту самиот тој па изјави дека СДСМ очекувале да освојат повеќе албански гласови дури и од албанските партии во Македонија. На ова со потсмев од ДУИ му испратија порака „Нека му е со среќа“ од ДУИ.

Порача и Заев, дека Заев знае дека токму Заев е тој што ги влече конците во СДСМ, откако Борјан го потпраша дали Бранко е тој кој што сеуште стои во позадина на партијата. Но Заев кажа, дека Заев знае, дека Заев го започнал процесот и дека Заев е тој што ги влечел конците.

Но, не заборави да каже дека еднаш, понекогаш се случува во два – три месеци Заев да испие едно кафе со Бранко бидејќи Заев сакал да учи да прима совети од единствениот жив претседател на Р.Македонија. Тука, заборавајќи дека токму Заев беше дел од координативните тела на Претседателот Ѓорѓе Иванов задолжени за безбедноста по кумановските терористички напади, за време на протестите и бегалската криза. Ама Заев, заборавил.

На крајот, Заев во својот комичен перфоманс се обрати и до „куририте“ мислејќи на медиумите кои пренесуваа за вработувањето на активен новинар во редовите на највисоките тела на СДСМ, на кој му била доделена плата од 40.000 денари.
Имено, за Македонската јавност беше скандалозно тоа што СДСМ се осуди да вработи човек за кој во јавноста кружат гласини дека е дел од вахабистичките организации во држаава, и во директен контакт со вахабистичките движења на Блискиот исток, воедно албански радикален националист кој уништуваше споменици во Скопје.

Ама, на Заев му било грев за неговите две дечиња па решил да му дава плата.

На ваквиот потег на Заев, вчера имаше жестоки реакции од поддржувачите на СДСМ и „шарените“ кои застанаа во поддршка на Нора Шаќири, една од најистакнатите хулигани во редовите на СДСМ и „Шарените“ која побара вработување од Заев, прашувајќи зошто таа е помалку вредна од Зекири?
nora-status
На ова таа доби одговор лично од Заев кој ја покани на кафе во партија, за да и „среди“ вработување.

zaev-st

 

Ама Заев, се „секира“ за неговите. Која комична фигура.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This