ЗАЕВ ГИ ЗАЛАДУВА ОДНОСИТЕ СО НАТО: Северноатлантската алијанса виновна за бегството на Груевски, вели Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова реторика наметнува премиерот Зоран Заев во неговата последна изјава дадена денеска во неговата родна Струмица. Заев си го поставува прашањето, како е можно екс-премиерот Никола Груевски при неговото бегство од Македонија да поминал две земји членки на НАТО и да добил азил во Унгарија, исто така членка на НАТО.

Се ова, како што вели Заев, се случува во времето кога Република Македонија со сите жртви во Собранието се обидува да ги истурка уставните измени, за да влезе во НАТО.

– Јас сум информиран од МВР и знам досега до каде се стигнати работите и верувам дека во многу брзо време на јавноста ќе и бидат соопштени деталите што се случувало во Република Македонија, бидејќи знаеме што се случувало во Албанија, Црна Гора, Србија и во Унгарија. Останува прашањето како тоа наши пријатели, четири земји, тоа го дозволиле и секако останува прашањето како тоа три земји членки на НАТО, демонстрирајќи владение на правото, го кажувам тоа под наводници, во време кога македонското општество, македонскиот парламент сериозно е фокусиран заради огромната инспирација со право да се биде членка на ЕУ и НАТО, токму тоа се случува. Но, затоа се истрагите, затоа се информациите коишто следуваат да бидат споделени со јавноста, истакна Заев.

На ваквата изјава на премиерот, жестоко реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде во соопштение велат дека својата неспособност, премиерот ја прикрива со расправии со соседите, но и со НАТО алијансата, во која се стремиме.

-Обвинувањето на наши стратешки партнери како НАТО и нашите соседи со кои имаме одлична соработка како држава за сопствената неспособност е чист дилетантизам и не и оди во прилог на Република Македонија, туку ја продлабочува дупката во која е западната државата, поради Заев и црната власт. НАТО е стратешки партнер на Република Македонија и организација кон која се стремиме, таа не е и не може да биде оправдување за нечии пропусти и аматеризам. Република Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија се наши земји пријатели и тие исто така не се виновни за неспособноста на Заев и црниот СДСМ. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This