- Advertisement -
Зоран Заев при посетата на Бугарија изјави дека Македонија го затвора поглавјето на национализам и омраза.
– Јас испраќам порака и до Бугарија и до Грција, Македонија денеска затвора едно поглавје на историја, на национализам, на омраза, изјави Заев во Софија.
Но, каде Заев виде национализам и омраза во македонската политика кон соседите?
Претходната влада која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ниту еден потег не водеше националистичка политика кон соседите, ниту пак политика на омраза кон нив.