ЗАЕВ ГИ ПУШТИ КРИМИНАЛЦИТЕ ДА ИМ СЕ ЗАКАНУВААТ НА СДСМ-ОВЦИТЕ: Харун Хаџибулиќ се закани со вадење на секс афери на критичарите на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен за предизвикување на инциденти и тензии во државата, Зоран Заев врските со криминалното подземје ги користи и за дисциплинирање на сопственото членство секогаш кога е незадоволно од неговите одлуки, внесувајќи страв во партијата со цел замолчување на демократските процеси

harun-hadzibulik-640x360

Таков е и последниот пример со Харун Хаџибулиќ, кој на својот ФБ профил отворено се закани до сите оние кои ќе се дрзнат и ќе продолжат јавно да го критикуваат Зоран Заев и неговите партиски политики, кои очигледно наидоа на силен отпор помеѓу фунцкионерите и членовите на партијата.
harun_zakani

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Или прекинете со лаење и ругање кон нашите кандидати на листите и тие што ни се приклонуваат, или ќе почнам јавно да пишувам за вашиот приватен живот, вашите жени кои ве изневеруваат и за вас „такозвани“ домаќинќи коишто имате поминато и црнци и белци!! Смирете малку хормони и хромозоми инаку ќе ве правам САЛАТА!![/kopa_block_quote]

Вака пријателот на Зоран Заев, Харун Хаџибулиќ се закани во обид да ги замолчи сите оние членови и поддржувачи на СДСМ кои не се согласуваат со одлуките на Зоран Заев.

Освен заканата до членството, истиот му се закануваше и на новинарот Борјан Јовановски, кој беше меѓу најгласните критичари на потезите на Зоран Заев, особено во изборот на кандидати за пратеници од СДСМ. Најголем проблем според Јовановски беше изборот на Ферид Мухиќ, кој ниту е член на СДСМ, ниту граѓански активист, а е пропагатор на исламизацијата на Европа, поддржува борби со кучиња и смета дека абортусот е убиство.

harun_zakani_borjan

Соработката помеѓу СДСМ и криминалното подземје во Македонија не е нова пракса. Колку за потсетување СДСМ беше фатен во соработка со Закир Бекири-Чауш кој имаше поставено фабрика за печатење на лажни лични документи кои „Фокус“ ги користеше за измислување на афери за членови на владеачката партија.

Освен соработката, Спасовски во последиот бран вработувања во МВР вработи десетина лица со дебело криминално досие во единицата „Алфа“ кои неколку дена подоцна ги употреби со намера насилен влез во зградата на УБК.

За среќа, директорот на БЈБ реагираше соодветно и беше спречен поголем инцидент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This