March 29, 2024, 10:54 am

ЗАЕВ ГИ РАСИПУВА ОДНОСИТЕ И СО РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА: Реагираше Руското МНР – виновни Русите и Србите, но не и албанското знаме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва ги смета за провокација обвинувањата на OCCRP, организација финансирана од САД, дека Русија се мешала во внатрешните работи на Македонја, соопштуваат од МНР на Русија

Обрнавме внимание на текстот за наводното мешање на РУсија во внатрешните работи на Македонија, кои го објави интернет проектот OCCRP кој пак го цитираа медиумите. Тоа не е ништо друго туку уште еден слаб обид да се префрли одговорноста за ескалацијата на длабоката криза во македонската држава. Измислените обвинувања на сметка на руските интереси доаѓаат од организација чии главни спонзори се државните структури на САД и фондот на Џорџ Сорос – се наведува во соопштението на МНР на Русија.

„Тие кои отворено завземаа непосредно учество во режирањето на случувањата во македонската внатрешнополитичка сцена, се обидуваат да ја обвинат Русија за нешто, иако ние од почетокот се залагавме против наметнувањето на деструктивни шеми во Скопје, однадвор“, додаваат од МНР на Русија.

Притоа, како што наведува надворешнополитичкиот ресор, „OCCRP премолчува што всушност го предизвика сериозното заострување на ситуацијата: притисокот на Брисел и Вашингтон без преседан врз легитимната влада на Македонија“. Тоа е направено со цел да се наметне решение кое е спротивно на националните интереси на оваа држава“, а Западот одбива да ја осуди познатата „тиранска платофрма“, која е „манифестација на големоалбанската идеја“.

„Очигледно дека за надворешното мешање најдобро говори и сликата со демонстрацијата на албанското знаме од страна на претседателот на Парламентот во својот кабинет, додека руската и српската хистерија никој не ја креваше“, нагласуваат од руското МНР.

Претходно Гардијан објави дека руски шпиони и дипломати се вмешани во речиси децениски обид за ширење на пропаганда и предизвикување на немири во Македонија. Русија, пишува англискиот весник, бара начин да го зголеми своето влијание во земјите од бивша Југославија. Од документот кој го сподели Гардијан од организацијата OCCRP, наводно може да се констатира некаква помош од страна на руски и српски агенти за антизападните активисто во Македонија.

33 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This