ЗАЕВ ГИ „EЛИМИHИPAШЕ“ СКОПЈАНИТЕ ВО СДСМ: Скопското крило на СДСМ иcфpлeнo од структурите на партијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вчерашниот состанот на Централниот Одбор на СДСМ, и масовното разрешување на речиси сите партиски функционери, освен претседателот Заев, извесно е дека за крилото на вицепремиерката и минситерка за одбрана, Радмила Шекеринска е целосно отстрането од партиските структури.

Министрите за информатичко општество и за правда, Дамјан Манчевски и Рената Дескоска, кои важат како репрезенти на таканареченото „скопско крило“ под закрила на Шекеринска, се исто така на листата кои ќе ги зафати „метлата“ на Заев.

Претходно во неделата медиумите објавија дека министерот за транспорт Горан Сугарески ќе биде заменет со сегашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта ,Зоран Китанов, кој е близок соработник на Вице Заев и компанијата  „Јавор Шпед“ на Горан Крстев, и двајцата дел од градежниот бизнис.

Заев  на местото на генералниот секретар Александар Кирацовски го постави својот близок соработник, сегашниот министер за земјоделие Љупчо Николовски, кој беше негов шеф на кабинет додека СДСМ беше во опозиција.

Со ваквата чистка, Заев си обезбеди највисоките функционери, партиски и државни да бидат лично негови луѓе. Ова следува по смената на сите 78 претседатели на општинските организации на СДСМ, од кои голем број важеа за кадри на Шекеринска, особено во скопскиот регион.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This