March 28, 2024, 10:44 pm

ЗАЕВ ГНЕВЕН НА ЏАФЕРИ: Дали се распаѓа коалицијата на СДСМ поради вчерашните настани во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев вели дека Собранието вчера требало да ја следи досегашната пракса во однос на одлучувањето за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен претседател на Собранието Трајко Вељаноски. Со тоа, смета, ќе се покажело дека сите пратеници се еднакви, а ќе се оставело и можност на судот да одлучува.

-Процедурите и правилата мора да важат за секој пратеник подеднакво без разлика дали е тоа поранешен претседател на Собрание или не, затоа што сакаме на граѓаните да им испратиме порака дека сите се еднакви пред законот, а останатото е работа на правосудните органи. Парламентот треба да ја примени досегашната пракса. Во однос на тоа што се случи изразуваме големо незадоволство и револт, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање пред презентацијата на Оперативниот план за вработување за 2019 година.

За повеќе детали премиерот Заев упати на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски. Во меѓувреме, СДСМ преку изјава на Митревски побара одговор од претседателот на Собранието Талат Џафери зошто синоќа ја прекинал пленарната седница на која се одлучуваше за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This