Заев го демантиpa Ахмети: Никогаш не сум бил пиjaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Овие изјави г.Заев ги дава кога ќе испие три чаши ракија и излегува на митинг, бидејќи со мене зборува сосема поинаку и се кае за она што го кажал пред два часа. Заев е таков, дава изјави, акробации, но јас не сум таков“, истакна Ахмети.

Ова беше изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со она што го рече првиот човек на социјалдемократите, Зоран Заев – дека ДУИ ќе замине во опозиција. ТВ21 го праша Заев како ја коментира изјавата на Ахмети:

Сепак Ахмети не ја исклучува можноста по изборите повторно да продолжи во коалиција со партијата на Заев, бидејќи како што вели, многу процеси имаат започнато заедно.

Новинар: Независно од изјавите на Заев, вие не исклучувате постизборна коалиција со него?

„Јас изјавив дека не сум од оние кои едно кажуваат претпладне, а попладне го негираат тоа. За доброто на ДУИ би било да победи актуелната партнерска коалиција, бидејќи многу процеси започнавме заедно, многу големи работи завршивме заедно, но повторно ќе кажам дека на крај одлучуваат граѓаните“, посочи Али Ахмети.

Меѓутоа вака не мисли Зоран Заев, кој вели дека ДУИ ќе замине во опозиција.

Инаку, на парламентарните избори на 15 јули, ДУИ ќе се трка сама, а СДСМ заедно со Движење Беса со која влезе во предизборна коалиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This