ЗАЕВ ЗА ЕДНА ГОДИНА ГО ЗАДОЛЖИЛ СЕКОЈ ГРАЃАНИН ЗА НОВИ 200 ЕВРА: Само лани јавниот долг е зголемен за 415 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавниот долг пораснал за 415 милиони евра во 2018-та година, покажува извештајот на Министерството за финансии.

Ако на крајот од 2017-та година долгот изнесувал 4,86 милијарди евра, 2018-та година ја завршивме со долг од 5,2 милијарди евра.

Во просек, ова се дополнителни нови 200 евра долг по глава на жител, или сега секој Македонец должи 2.570 евра.

Истовремено, податоците за извршување на Буџетот на државата за 2018 покажуваат катастрофаллна реализација на капиталните инвестиции, односно инвестиции на државата во проекти како патишта, железници, училишта и болници.

Од првично планираните 394 милиони евра капитални инвестиции од страна на Владата, реализирани се само 198 милиони евра. Ова е убедливо најлоша реализација на капитални проекти во последните десет години. Поголема реализација на капитални проекти имало и за време на светската економска криза.

-За македонската економија минатата година беше катастрофална. Ние минатата година 6 месеци бевме во минус, не во раст, не во нула, туку во минус. Кога вели владата нула, тогаш знаете дека сте во минус, истакна неодамна економистот и консултант Горан Рафајловски во емисија на телевизија Телма.

Министерот за финансии Драган Тевдовски пак вели дека долгот е под контрола. Тој на неколку наврати во изјави истакнува дека еден од најголемите успеси на Финансии во 2018 година е тоа што долгот е под контрола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This