ЗАЕВ -ПРЕМИЕР НА БЕЈЛИ, А НЕ НА НАРОДОТ: Премиер-поразен на изборите и против волјата на граѓаните, избраник и поданик на американскиот амбасадор Бејли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев не победи на изборите, стана премиер благодарение на безрезервната поддршка од странски амбасадор, кој го инсталираше за претседател на Владата и покрај изборниот пораз. Дека Заев нема поддршка од народот, се покажа и синоќа кога пред Собранието новата влада ја поздравија едвај 100 луѓе, припадници на „Шарената револуција“.

Заев очигледно е во лажен филм дека победил на изборите, па синоќа во своето обраќање пред партискиот штаб наместо на амбасадорот кој го направи премиер, се заблагодаруваше на народот кој го порази на изборите.

– Леле, леле што направивме. По долгогодишната борба, срушивме режим со пенкало и глас. На сите оние кои протестираа низ градовите сите овие години им симнувам капа, им се поклонувам на моите сограѓани. Ние сме вашиот репрезент, не може секој да биде премиер, еве јас ја добив честа, но во ваше име и во ваша сметка, рече Заев.

Амбасадорот кој го направи премиер, сега и му честиташе на Заев. Џес Бејли, кој е под истрага на американскиот Конгрес за своето делување во Македонија, преку Твитер му честиташе изборот на новата Влада.

-Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство за формирањето нова влада во Македонија. Како пријател и партнер, со нетрпение очекуваме да работиме со новата влада на реформите за напредок кон членството во НАТО и во Европската Унија, вклучувајќи ги оние за владеењето на правото, напиша Бејли на својот Твитер профил.

Откако Бејли последните неколку години вложи напори заедно со Невладините организации на Џорџ Сорос, по секоја цена да Заев да го направи премиер, денеска тој му честиташе за новата функција. Останува прашањето дали Бејли денеска преку Твитер, всушност си честиташе сам на себе и за неговите напори Заев да стане премиер и да ги спроведува политиките од кои тој би имал корист.

Благодарение на Бејли, Заев стана премиер и покрај тоа што има низа последователни порази.

Зоран Заев беше вршител на должноста претседател на СДСМ 2008-та година, а тогаш СДСМ ги изгуби локалните и парламентарните избори во Република Македонија. Во 2014 година повторно лидер на СДСМ е Зоран Заев и повторно ги губи изборите и парламентарните и претседателските избори. На 11 декември 2016 година Зоран Заев повторно е лидер на СДСМ, тој ги губи парламентарните изборите со 20 илјади гласа разлика во корист на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ако се мерат резултатите на изборите кога тој е носител во четвртата изборна единица тогаш бројот на порази се зголемува.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This