April 25, 2024, 12:38 pm

ЗАЕВ ГО ИЗДАДЕ АТАНАСОВ ЗОШТО ПОДНЕЛ ОСТАВКА: Неколкупати бараше да биде министер за образование , но не е секој за министер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

,,За мене тоа се лични ставови на досегашниот заменик министер за образование Петар Атанасов“.

Вака реагираше премиерот Зоран Заев на прашањето во интервју на Сител, како ја коментира оставката на Петар Атанасов само еден ден по објавената реконструкција на Владата.

Заев рече дека му е жал поради тоа што Атанасов на ваков начин си поднел оставка, и истакна дека тоа го сторил поради тоа што не бил назначен за министер за образование.

– Жалам што господинот Петар Атанасов вака тоа го објави со таква употреба на зборови и штом тоа така го направи, редно е да кажам дека тоа го направи затоа што не стана министер за образование. Од мене бараше да стане министер за образование, јас одлучив дека не треба да стане министер. Јас во саботата ја донесов конечната одлука и му ја соопштив. Тој неколкукратно доаѓаше кај мене и бараше да стане министер за образование. Велеше ако не ми дадете да бидам министер ќе си дадам оставка. Океј, секој не може да биде министер, некојпат и околностите се такви некој да не може да биде министер – рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This