ЗАЕВ ГО ПРИЗНА МЕНУВАЊЕТО НА ИСТОРИЈАТА: Комисијата со Бугарија ги цензурира македонските учебници.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во декември македонската и бугарската Влада ќе имаат седница во Бугарија, на која заедничката Kомисија ќе реферира за нејзините активности, информираше денеска на собраниска седница премиерот Зоран Заев.

Заев потврди дека членовите на комисијата разговараат и за промена во учебниците, но не прецизираше за кои учебници станува збор, посочувајќи дека тоа се прави во духот на пријателството и оти штом ќе има резултати, Парламентот и јавноста ќе бидат информирани.

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница постави прашање кои учебници ќе се менуваат повикувајќи се на информација објавена во медиумите.

– Точно е дел од комисиите разговараат и за дел од учебниците, но веднаш штом ќе има нешто што биде договорено пред институциите на системот тоа ќе се сподели и ќе се соопшти во јавноста. Се зборува за одредени работи што стојат во учебниците… бугарски фашистички куршум… што не се во духот на пријателството. Би сакал да испратам сериозна порака дека она што ќе се случува со промена на учебниците во Македонија и во Бугарија, или, и во Македонија и во Грција, ќе биде во духот на градење на идно и трајно пријателство. Нема да биде во духот на нешто што дефинитивно ќе биде незгодно, чуствително или слично. Оттука некоректно е да се бара кои се тие 30 учебници, дали се предвидени средства за овие работи, кои се промените и слично – рече премиерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This