April 19, 2024, 12:36 pm

ЗАЕВ ГО „ПPEKРШИ“ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: Новото име требаше да почне да се употребува по отворање на поглавјата со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од апсолвирана е темата за штетите од Договорот од Преспа, македонското име се промени, а со тоа и нашиот идентитет и историја, како и македонскиот јазик. Сега по дебаклот во Брисел и недобивањето ниту датум за преговори со Европската Унија имајќи го во предвид референдумското прашање за референдумот за промена името кое гласеше промена на името со цел влез во ЕУ и НАТО, договорот од Преспа добива нова историска димензија на штетност.

Сепак тоа не е темата на разговор, она што е клучно е тоа што Зоран Заев го „прекрши Договорот од Преспа“. Да Заев човекот кој се „крстеше“ во договорот истиот го „прекрши“. Како? Многу едноставно, на прес конференција откако беше дефиниран целосно договорот и новото име на држава истакна дека на внатрешен план, новото име ќе се употребува со отворање на секое поглавје за членство во ЕУ, не подоцна од пет години.

„На пример отвараме поглавје за образование, не подоцна од пет години. При тоа нашите дипломи од нашите универзитети мора да бидат променети со новото име. Дел од промените внатрешно не може да бидат опфатени со поглавја. Тоа значи дека на меѓународен план се употребува со полноправното членство во НАТО, а дома со отворање во поглавјата за членство во ЕУ. Ова значи дека и двете земји се мотивирани што побрзо да се отвораат поглавјата за преговори и Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ“, рече Заев.

Секој еден млад човек кој се запишувал на факултет годинава може да увиди дека на секој уписен лист стои новото име на државата, што значи дека дека Владата не го испочитува ниту она што самата го кажа за договорот, односно името Северна Македонија се употребува во образованието иако Македонија се уште го нема отворено поглавјето образование во преговорите за влез во Европската Унија.

Сепак ревилноста и политиката на свиткана кичма на Заев единствено му донесе „дискус хернија“, но не и европската перспектива. Датум нема, Северна е трагична реалност, а Бугарија преку својот парламент испорачува нови шовинистички барања за бришење на македонскиот јазик од читанките и откажување од нашинците во Македонија.

Да потсетиме уште еднаш дека Македонија не доби ниту датум за преговори со ЕУ, а Заев се фати да бруси шахти ширум државата отстранувајќи го сонцето од Кутлеш,

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This