ЗАЕВ ГУБИ ПОДДРШКА ОД АЛБАНЦИТЕ: Алијансата на Албанците ја напушти координацита на комисијата за помирување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Собранието на Република Македонија се одржува координативната средба за формирање на комисијата за помирување и интеграција на иницијатива на независната пратеничка група.

Кратко по почетокот на средбата од неа замина претставникот на Алијансата на Албанците Сурија Рашиди кој рече дека многу е нејасна иницијативата и тоа кој со кого треба да се помирува.

– Се доби впечаток дека се работи за дневно-политичка потреба, за отворање на мала врата за протуркување на идејата за амнестија за настаните од 27 април во Собранието, рече Рашиди.

Алијансата за Албанците, според него, е за помирување, но врз основа на стратешките цели на државата за интеграција во НАТО и во ЕУ.

– Сега сме во постапка на уставни амандмани и преку оваа постапка ја гледаме вистинската смисла на координативното тело за помирување што би требало да ги опфати интеграциските процеси и затворање на отворените внатрешни проблеми, рече Рашиди.

Координативната средба со која претседава претседателот на Собранието Талат Џафери е се уште во тек и се очекува по нејзиното завршување новинарите да бидат информирани за начинот како ќе функционира комисијата за помирување и каква ќе биде нејзината методологија за работа. Присуствуваат координаторите на сите политички групи, освен на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески. На координацијата се и потпретседателите на Собранието, Фросина Ташевска Ременски, Горан Мисовски и Весел Мемеди, како и генералниот секретар Цветанка Иванова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This