ЗАЕВ ДА НЕ КРИЕ ОД ЈАВНОСТА: Заев да каже што се преговара за името и што следи, повика ген.секот на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трет ден имаме молк од владата и премиерот Заев на повикот за итна лидерска средба на која ќе се разговара за деталите и тековите на најважното прашање на граѓаните на Република Македонија, прашањето за името, изјави денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Вели дека единствените информации со кои располага македонската јавност се оние кои се од грчките медиуми.

-Дополнително на ова претходеше еден процес на ретерирање во изјавите на премиерот и владините претставници околу прашањето за организирање на референдум и непромена на Уставот, што само ги зголемува дилемите дека работите се движат во непосакуван правец за Република Македонија. Оттука и дилемата што се јавува кај сите нас, што крие премиерот Заев и ако има некаков договор кои се деталите за истиот? Јавноста, граѓаните, сите Македонци имаат право да ја знаат вистината. Прашањето за името не е суверено право на Заев и тој не смее да се однесува како да има монопол кон истото, рече Јанушев.

Тој го повика Заев да излезе јавно и да каже што се преговара и што е она што следи. Јанушев рече дека целата оваа ситуација наликува на процес во кој Македонија се става пред свршен чин. Генералниот секретар праша дали решението кое владата го договара или кое веќе е договорено значи и капитулација на Република Македонија.

-Нема ниту една причина да нема итна лидерска средба. Власта се плетка во сопствените лаги и лажни надежи искреирани за народот. Кажаа дека претседателот Иванов не е тука, а претседателот на државата е тука. Кажаа дека проблем бил терминот на одржување на средбата, а досега лидерите не се воопшто исконтактирани за можен термин. Обврска на владата е да бара консензус за вакви историски прашања, а не да се крие и да се дознаваат информации од грчки медиуми за она што грчката влада го сервира во медиумите. Од авион се гледа дека лошо поставената надворешна политика базирана на трговија со нешто што не е само на владата доживува колапс, вели Јанушев.

Посочи дека народот владата треба да ја гледа како сојузник, а не како непријател. Според него, името на државата не е фамилијарно наследство на луѓето од власта, за тие да се однесуваат неодговорно.

Тој појаснува дека итната лидерска средба ќе помогне, никако не може да одмогне. Јанушев рече дека македонскиот народ има право да знае што се случува, а власта и Заев имаат обврска да не бегаат од одговори.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This