Заев: Денес, по успешниот Самит на НАТО, испраќаме силна и јасна порака, дека заедно сме посилни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија за прв пат учествуваше на Самитот на НАТО како 30. полноправна членка на Алијансата. Делегацијата ја предводеше премиерот Зоран Заев, а заедно со него беа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Премиерот Заев истакна дека Самитот на НАТО 2021 е историски момент за Македонија, бидејќи за прв пат учествува како рамноправна членка. Тој додаде дека трансатлантското семејство е силно како никогаш порано, а членството на Република Македонија ја подобри безбедноста и стабилноста на Западен Балкан.

Премиерот му се заблагодари на генералниот секретар Јенс Столтенберг за неговото водство во креирањето на агендата на НАТО 2030 во соработка со сојузниците и за широките и инклузивни консултации со многу засегнати страни.

„Драго ни е што сојузниците, преку Агендата на НАТО 2030, повторно се посветија на основните принципи на Алијансата и се согласивме да ги поддржуваме со политички активности и конкретни активности и алатки.
Денес, по успешниот Самит на НАТО, испраќаме силна и јасна порака: Заедно сме посилни!“, посочи Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This