ЗАЕВ ДЕНЕС ЌЕ ГО ПРЕЧЕКА ЦИПРАС КАКО ЦАР:Највисоки почести за официјална посета на Ципрас на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Тој е првиот премиер на Грција што ќе ја посети земјава.

Грчкиот премиер за време на посетата на Скопје ќе има разговори со премиерот Зоран Заев. Официјалниот пречек на Ципрас со државни и во ени почести ќе биде на платото пред Владата. По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.

Во делегацијата што ќе го придружува Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај министри во Владата, се и претставници на грчки компании.

Ципрас потенцира дека посетата е од историско значење, базирана на нова стратешка визија за двете земји, открива дека ќе дојде со десет министри и ќе се потпишат низа договори во различни области.

Вели дека Грција и С Македонија мора да бидат партнери и сојузници, упатува порака дека Атина треба да има стабилен и безбеден северен сосед, а Скопје има потреба од силен сосед што ќе ги поддржува нејзините чекори кон европската перспектива.

Поради посетата на Ципрас денеска од 09:30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This