ЗАЕВ ДОБИ ЧЕСТИТКИ ЗА ДОГОВОРОТ: Харадинај, Тачи и Рама презадоволни од Заев и промената на името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можеби Македонците не се премногу воодушевени од договорот на премиерот Зоран Заев и Алексис Ципрас за промена на името на Република Македонија. Премиерот Заев договори промена на името во Република Северна Македонија за севкупна употреба, што беше причина за голем број негативни коментари од најголемиот дел од македонското население.

Но, од одлуката на Заев да го потпише овој договор презадоволни се соседите на Македонија, грчката страна веќе го искажа своето задоволство, а презадоволни од оваа одлука на македонскиот премиер се и косовските претседател и премиер, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, како премиерот на Албанија, Еди Рама.

–Им честитам на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и нивните граѓанои, напиша Тачи на Твитер.

Тој порача дека обновената можност за влез на Македонија во ЕУ и НАТО му помага и на Косово и на целиот Западен Балкан.

Харадинај на Твитер решавањето на прашањето за името го оцени како „одлична вест“.

–Им честитам на Заев и Ципрас на визијата и истрајноста. Се надевам дека сите преостанати отворени прашања на Балканот ќе бидат решени со ист конструктивен пристап, рече косовскиот премиер.

Своето воодушевување на Твитер по повод договорот на Македонија и Грција го искажа и албанскиот премиер, кој изрази почит за Зоран Заев и Алексис Ципрас.

–Два прогресивни лидери на соседните земји денеска влегоа во историјата и им порачаа на Европската унија и на целиот свет дека имаат визија и волја да ги надминат минатите пречки и да најдат простор за поглед кон иднината. Изразување на почит за Зоран Заев и Алексис Ципрас. Балканот денес е побезбедно место, пишува Рама на Твитер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This