ЗАЕВ ДОНЕЛ ИНВЕСТИЦИИ, АМА ПОРТПАРОЛОТ НЕ ГИ ЗНАЕ: Портпаролот на СДСМ се фали со инвестиции, а не знае да каже ниту една од нив!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вечерва имаа телевизиска дебата на телевизија 21.

Гласноговорникот на СДСМ, Костадинов, се пофали со инвестициите кои ги донесе неговата партија во Македонија, но ниту сам не знаеше да каже кои се тие.

-За две години, 17 нови директни инвестиции имаме, рече Костадинов.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски, му рече на својот колега од СДСМ:

-Можете ли да ми ги наброите тие инвестиции? И да ми кажете колку од нив се во индустриската зона Сачево, каде Зоран Заев ветуваше 5000 работни места, праша Арсовски.

Но, Костадинов збунето го гледаше и не можеше да одговори на овие прашања.

Освен граѓаните, кои не гледаат ниту една инвестиција донесена од СДСМ, ниту партискиот портпарол на Зоран Заев, не знае која инвестиција ја донела актуелната власт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This