April 19, 2024, 11:36 pm

ЗАЕВ Е АНТИ-АЛБАНСКИ НАСТРОЕН ПОЛИТИЧАР: Албанците во Македонија сфатија кој работи против нивните интереси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот, но и светот. За денеска во 21 часот по средноевропско време, на барање на Русија, е закажана седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово. Москва инсистира дебатата да биде отворена за јавност, но Вашингтон и Лондон се противат. На седницата би требало да присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој тврди дека создавањето на косовската војска е во спротивност на Резолуцијата 1244, но и на уставот на Косово, пренесува Независен

Се очекува на седницата да се отворат длабоките конфронтации меѓу големите сили за ова прашање. САД и Британија отворено ја поддржаа одлуката за создавање косовска војска. Русија стравува дека овој потег на Приштина може да доведе до тензии не само во Косово, туку и на целиот Балкан.

НАТО, пак, според познавачите на состојбите, амбивалентно ги употребува фразите „не помага“, не „придонесува кон решение“, „не е добар момент“, додека Берлин посегнува кон двојна негација „се надеваме дека нема да придонесе кон влошување“. Тој дипломатски јазик, велат тие, во превод значи – што е тука е, навикнете се.

Формирањето на војската на Косово е последен од низата проблеми во последно време се јавија на релација Белград – Приштина и кои го ставаат под мраз дијалогот за статусот на Косово, што создава загриженост во целиот регион. Проценките на дел од политичките аналитичари во регионот се дека политичката динамика во Косово е целосно диктирана од внатрешни причини бидејќи постои поделба на невидено ниво во самата политичка елита. Ако движењето Самоопределување на Албин Курти важеше како некаков отпадник од мејнстрим-политичките партии, сега меѓу партиите, односно меѓу претседателот Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај има не само недоразбирања, туку очигледно и личен анимозитет кој сигурно ќе се рефлектира на односите со Србија.

Но последните случувања во Косово покажуваат дека тие ќе се користат и тука за внатрешна политичка употреба со строго дефиниран изборен фокус.

Затоа и изјавата на премиерот Зоран Заев кој се повика на ставот на НАТО дека не е време за косовска војска, нагласувајќи дека Балканот нема намера повторно да биде буре барут, имаше експлозивно дејство за албанските опозициски партии.

За Зијадин Села од Алијансата за Албанците тоа го покажало „црното и националистичко лице на Заев, прво кон Албанците, потоа и кон Косово и САД, како најголеми поддржувачи на Косово и неговата војска“. Тој му порача на премиерот да не се меша во внатрешните работи на Косово и да си го гледа домашниот двор. Движењето Беса на Билал Касами побара од премиерот да се дистанцира од „оваа скандалозна изјава“, бидејќи формирањето на војската на Косово ја имало силната поддршка од САД. Неговата изјава, според Беса, го одразувало вистинското лице на „мултиетничката“ Македонија и ги правело да се чувствуваат навредени и Албанците на оваа земја, кои му дале полн мандат за да владее, а не „да зборува глупости и национал-комунистички варваризми“.

„Заев, практично, го цитираше ставот на НАТО, а тоа и не го криеше. Сепак, политичарите Албанци во Македонија ги насочија сите стрели и копја, дрвја и камења, исклучиво кон Заев. Не кон НАТО, не кон германската влада, туку кон Заев“, вели Џабир Дерала од невладината „Цивил“.

Ако Заев се меша во внатрешните работи на Косово, исто толку мешање во внатрешните работи е и жестоката одбрана на Косово, додава Дерала.

Околу формирањето на војската на Косово различен став имаат и владините партнери ДУИ и СДСМ. Но тоа, како што велат социјалдемократите, нема да влијае на нивната понатамошна соработка. Во таа насока оди и изјавата на вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи, кој оцени дека ставот на Заев е на иста линија со ставот на НАТО. Според него, Македонија го признала Косово како држава, а заедно со тоа и сите елементи на нејзината државност.

„Премиерот повеќе беше на ист став со НАТО и ЕУ, како земја која сака да биде членка на НАТО и ЕУ. А треба да имаме предвид дека во НАТО и ЕУ има членки кои не го признале Косово. Но, сепак, ставот е јасен, Владата на Македонија ја призна независноста на Косово, а тоа подразбира и сите карактеристики и својства на една држава. Не верувам дека во однос на ова има дилеми. Ние како ДУИ им честитавме и го поздравивме чинот бидејќи тоа беше еден од најважните денови не само за Албанците во Косово, туку во целиот регион“, рече Османи.

Факт е дека во Македонија се урнаа одредени табуа. Веќе имавме асиметрично гласање од етнички аспект, а албанските партии тешко се снаоѓаат во новиот амбиент. Она што е забележливо е дека и во релациите меѓу Косово и Македонија постојано се прават обиди уште повеќе да се подобрат односите.

Зајакнување на безбедноста преку соработка меѓу Косово и Македонија беше темата на минатонеделниот Косовско-македонски безбедносен форум 2018, на Универзитетот ААБ во Приштина, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер“ за Косово и Универзитетот ААБ. Настан каков до скоро беше незамислив. Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО, во своето обраќање се осврна на дијалогот меѓу Белград и Приштина, при што нагласи дека сите луѓе со добра волја во регионот и пошироко сигурно ќе го поддржат решавањето на преостанатиот спор меѓу Косово и Србија, што на крајот ќе придонесе неизмерно за неповратната пацификација на регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This