ЗАЕВ Е ГРДОТО ЛИЦЕ НА МАКЕДОНИЈА, А НЕ ГРАЃАНИТЕ: Зоран Заев е срам за државата и за сите оние кои го положија животот за независна Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонците кои си ја сакаат државата и кои ги бранат националните интереси не се грдото лице на Македонија. Македонците кои не прифаќаат промена на Уставот и кои се противат на воведувањето на двојазичност на целата територија не се грдото лице на Македонија, истакна денеска на прес конференција Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ

ivica2

Во продолжение следува интегрален текст од прес конференцијата

Македонците кои не се согласуваат да се доселуваат и вработуваат Албанци во администрацијата во Струмица, Штип, Радовиш, Aеродром, Карпош, Центар и останатите општини и градови само заради обидот на аболицираниот Заев да освои некој глас повеќе, не се грдото лице на Македонија.

Грдото лице на Македонија е токму аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој е човекот кој предлагаше виткање на кичмата. Тој е човекот што на маса ги става највисоките национални интереси и заговара промени на Уставот на Република Македонија.

Грдото лице на Македонија е аболицираниот криминалец Зоран Заев кој ги навредува сопствените сограѓани, само за да им се додвори на гласачите Албанци.

Ваквото однесување на аболицираниот криминалец Зоран Заев е срам за државата и за сите оние кои го положија животот за независна Македонија во каква што ние денес живееме. Сега не е време за редефинирање на државата. Сега е време да му се каже збогум на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата деструктивна, лицемерна и антидржавна политика.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара масовна поддршка од граѓаните на 11-ти декември. Со освојување на 63 пратеници најавите на аболицираниот Зоран Заев за менување на Уставот и воведување на двојазичноста на целата територија ќе останат уште една срамна страница во историјата на СДСМ. Со освојување на 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ Република Македонија нема да се редефинира.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This