Заев е надвор од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сè уште нема никакво формално движење и преговори за формирање на новото парламентарно мнозинство. Политичките партии чекаат првин ДИК официјално да ги потврди резултатите од гласањето. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е надвор од државата и според социјалдемократите, преговорите за ново мнозинство ќе започнат на почетокот на август. Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ, која излезе втора партија, велат дека паралелно со конституирањето на Собранието, работат на обезбедување на потребното мнозинство. Но, од партијата не даваат детали која албанска партија ќе има приоритет во преговорите. ДУИ не се откажува од идејата за прв премиер Албанец. Ахмети имал телефонски разговори со претседателите на другите албански партии за да ја обедини идејата за премиер. Според ДУИ, Ахмети имал разговори со Зијадин Села, Африм Гаши и Мендух Тачи. Партиите на Гаши и Тачи ги потврдија разговорите, но од Алијанса нема официјален став.

Врз основа на неофицијалните резултати од 15 јули, предизборната коалиција на СДСМ и БЕСА обезбеди 46 места, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса-Алтернатива 12, Левица 2 и ДПА 1. Бројките покажуваат дека постојат три начина за ново мнозинство: СДСМ, ДУИ и ДПА кои би имале мнозинство со 62 мандати. Втората верзија е СДСМ, Алијанса-Алтернатива, Левица и ДПА која би имала 61 пратеник, а третата верзија останува ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Левица која исто така би имала 61 пратеник.

Последната и најмалку веројатна верзија е да се формира малцинска влада, што значи дека субјектот што има мандат не располага со мнозинство од 61 пратеник, туку само добил поддршка од друга партија при гласањето на Владата, а за возврат таа партија би можела да добие позиции во третиот ешалон.

Извор: Алсат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This