ЗАЕВ Е ОПАСЕН ПО ДРЖАВАТА И ГРАЃАНИТЕ: Саво Климовски смета дека за Заев политиката е авантура и тоа е опасно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тезите на Зоран Заев и СДСМ ги набљудувам и се обидувам да ги разберам од два аспекти. Едниот аспект е неговото незнаење и неможноста да направи разлика што е општество, а што држава. Општеството е многу поширока категорија, државата е само дел на општеството. Замената на тезите она што е општетството, а нашето мултинационално општество каде сите национални заедници имаат подеднакви права, со држава навистина станува еден вид на злосторство и тоа не од небрежност или незнаење, туку со умисла.
savo-klimovski
Ова во Дневникот на Сител го истакна професорот Саво Климовски коментирајќи ги последните скандалозни изјави на Заев за промена на Уставот, федерализација на Македонија и двојазичност на целата територија.

– Мислам дека таквата замена на тези води кон втората, а тоа е да го фокусира интересот во претстојната кампања надвор од реалните програмски определби, надвор од она што се успеси и неуспеси и бидејќи немаат соодветен одговор се обидуваат да внесат спиритуалистички духови надвор од програмските определби на СДСМ. Го молам Заев да седне, да ги формулира, стави, усвои овие негови пред се лични ставови и гледишта и да добие верификација од партијата во програмските определби и тогаш можеме да разговараме за сериозен пристап. Ова е една манипулација на еден недоволно едуциран човек. За него политиката гледам дека претставува една авантура која може да биде опасна за македонските граѓани и македонската држава како целина. Или ќе седнат тоа да го вообличат и ќе го бранат тоа на избори или во вакви многу опасни изјави кои може да создадат опасна ситуација да ги закрват луѓето, вели професорот Климовски за Сител.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This