ЗАЕВ Е ЧОВЕК КОЈ ВЛАДЕЕ СО ИЗMAMИ: Патот за Блаце кој го ветуваше Заев до каде е?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски гостуваше во емисија „Клан дебата“ при што запраша до кај е ветуваниот пат во Блаце што го ветуваше Зоран Заев. Очигледно е дека човекот владее со измами, дели лажни ветувања со цел да се задржи на власт.

– Автопатот према Блаце до каде е? Пред претседателските избори лопати со панделки се фрлаа таму. Ама од другата страна кога ќе појдете накај Косово направен е супер модерен автопат, посочи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во време на ВМРО-ДПМНЕ се изградил автопат кон Гостивар, кон Тетово, почнале кон Струга. Ја реновирале зградата на државниот универзитет на Тетово, супер зграда. Додека тој бил директор на ЕЛЕМ има доделено стипендии за најдобри студенти во истиот тој универзитет во Тетово. Имаше странски инвестиции, се реновираа и клиничките центри и ред други работи.

– Во Кичево сега, последна информација што ја имам, не знам колку е точна, но може да се провери, стопирана е реконструкција и реновирање на болницата во Кичево. Зошто? Бидејќи немало пари. Зошто? Поради погрешните политики и коруптивните политики на министерството за здравство. И вели парите кои што беа наменети да се реновира и реконструира болницата во Кичево се стопираат и се пренаменуваат за нешто друго, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This