ЗАЕВ Е MAPИОНЕТА: Си ја заврши работата, но оние што го поставија не очекуваа толку кopyпција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали мрежите што го поддржуваат Заев и го ставија на власт, сè уште го поддржуваат – и да и не, вели новинарот Ларис Гајзер во интервјуто за „Алфа“.

Од вистинската гледна точка – Заев е проблем. Фактот што не добивте датум за преговори со ЕУ е јасна порака дека никој не сакаше да му овозможи на Заев да остане на власт уште шест месеци. Овие мрежи кои го доведоа на власт многу веројатно повторно ќе пробаат да му помогнат, зошто имаат проблем. Тие го поставија на власт, давајќи му бесконечна моќ да прави што сака со земјата, само зошто беше добра марионета, која ќе продолжи со реформите и идеите за уништување на една нација. Таа идеја доаѓа од надвор. За жал тој беше добар во тоа, рече Гајзер.

Токму поради ова, смета Гајзер, имаме измешана ситуација.

Луѓето го напуштаат Заев зошто знаат каков е и невозможно е да се поддржува таков човек. Од друга страна, мрежата која го постави на власт уште е тука и во интерес им е да го зачуваат, вели Гајзер.

Тој вели дека уште од 2015 година предупредувал дека ситуацијата ќе стигне дотука.

Заев дојде на власт со илегално прислушкувани разговори, кои ги доби од некој. Знаеме и кои служби стоеја зад него, и кој прсилушкувал, и како тие илегални снимки наеднаш станаа легални – со специјална обвинителка која сега е во затвор. Но, Зоран Заев си ја заврши работата, тоа што се очекуваше од него. Тоа што не очекуваа е како ќе ја менаџира државата и колку длабоко ќе ја корумпира македонската нација. Затоа го напуштија најголемите поддржувачи и пријатели. Има причини зошто е подобро Заев да се тргне од власт без да се откријат сите скандали со кои дојде на власт, вели Гајзер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This