ЗАЕВ ЖРТВА НА СОПСТВЕНИТЕ ИГРИ: Мнозинството на СДСМ пак нема потребен број на пратеници за промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанските опозициони партии јасно му ставиле до знаење на средба со премиерот Зоран Заев, дека нивните осум амандмани за уставни измени не се уцена, туку како и неговото делување, тие се “oптимизам”.

Имено пет пратеници од Беса на Касами и Алијанса за Албанците нема да ги гласаат уставните измени на Заев и Ахмети ако кон нив не се прифатат и осумте нивни.

Не уценуваме, ние сме само оптимисти, дека нашите барања ќе поминат, исто како што Заев беше оптимист дека ќе направи двотретинско мнозинство. – вели потпретседателот на движењето Беса, на Касами, Кастриот Реџепи.

На истиот начин, вели тој, како кога Заев, иако немаше реални изгледи, веруваше дека ќе обезбеди 80 пратеници за промена на Уставот, така биле речиси сигурни и тие.

Тие амандмани се за доброто на сите, за нив се залагаа и албанската партија во власта и најголемата владејачка партија СДСМ. Како што во еден момент во јавноста се мислеше дека нема да се направи двотретинско мнозинство во парламентот, а премиерот Заев беше оптимист, така и ние сега сме оптимисти дека нашите амандмани ќе станат дел од документот. – вели Реџепи.

Притоа и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари нагласи дека не ја исклучува опцијата неговата партија да го блокира преспанскиот процес, ако не им се исполнат нивните барања кои се поклопуваат со оние на Беса.

По објавата дека ВМРО – ДПМНЕ ќе поднесе предлог Закон за амнестија за настаните од 27 април минатата година во Собранието, од собраниски извори информираат дека од осумте одметнати пратенци и двата пратеника на ГРОМ, реални се шансите најмалку три да побараат прошка кај Мицкоски т.е. кај Јанакиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This