ЗАЕВ ЗАСЕКИРАН ЗА ГРЦИЈА: Важно е да внимаваме и на грчката страна, вели Заев за спорот со името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Секако, важно е да внимаваме и на грчката страна, бидејќи можеби решението ќе биде прифатливо овде а нема за грчката страна или обратно, можеби ќе биде прифатливо за грчката страна, а нема да помине тука, изјави претседателот на Владата Зоран Заев во одговор на новинарски прашања по излегување од судот, каде беше по повод рочиштето за случајот „Поткуп“, кое беше повторно по кој знае кој пат откажано.

– Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јавно познати, тие ги соопштија и ги соопштуваат. Јас верувам дека сепак можеме да најдеме национален консензус во функција на решавање на овој проблем, а не во функција на негово блокирање или повторно одлужување. Сега е вистински момент да се реши ова прашање. Дебатата е отворена и за вакви прашања и треба да биде отворена дебатата и нека ја има, таа е здрава. Треба сите да знаеме дека можеме да го решиме проблемот, но може и повторно да не се реши проблемот и после тоа, како што соопшти еден ваш колега во една колумна, сонцето повторно ќе изгрее. Но дали ќе не огрее и дали ќе продолжи да ги грее нашите деца по белиот свет во другите земји. Одлуките се на политичарите, рече Заев во одговор за новинарите.

Заев вели дека власта ја има најголемата одговорност, но тој се надева дека и Претседателот на државата, покрај извршната власт и опозицијата, заедно сите политички чинители во општеството ќе бидат мудри да изнајдат решение кое ќе го сочува достоинството и дигнитетот на нашиот народ и нашата земја.

– Се надевам на мудра постапка, и апелирам за внимание на медиумите и на сите граѓани, дебатата треба да постои, но да се обидеме сите да изнајдеме решение на овој долгогодишен проблем, изјави Заев.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This