ЗАЕВ ЗА ГРЧКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА: Немаме црвени линии, ако на Грција и е важно, ќе разговараме за преименување на аеродромот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Заев оптимист за решение во првата половина на 2018“; „Следен чекор: соопштување на името“; „Заев: немаме црвени линии“; „Можеме да најдеме решение во прашањето за името“; „Зоран Заев: Не за црвените линии“, ова се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по синоќешното интервју на македонскиот премиер за грчката телевизија Алфа.

Во интервју за грчката телевизија Алфа, македонскиот премиер, Зоран Заев изразил оптимизам дека двете страни можат да најдат решение на проблемот со името до крајот на првата половина на 2018. На прашањето за црвените линии, тој вели дека ако постојат црвени линии тие би биле само кочници или блокада во изнаоѓањето решение.

– Наша црвена линија е линијата која свети силно како водилка по патот за да дојдеме со конечно решение на проблемот, порача Заев.

Тој откри дека би сакал да се сретне и со лидерот на Независни Грци, Панос Каменос и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, но откако прво ќе се сретне со грчкиот премиер Ципрас.

Заев во интервјуто неколку пати ја упати пораката дека е потребно да бидеме свртени кон иднината, а не заробени во минатото и додаде дека Александар Велики може да биде нешто кое што ќе не спојува сите, а не да нѐ дели.

Во однос на евентуалните преименувања на аеродромот или автопатот, тој одговорил дека „ако тоа е од голема важност, спремни сме да разговараме и за тоа прашање“.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This