ЗАЕВ ЗА СРПСКА ПОЛИТИКА: Во Извештајот на ЕК за нашата држава, С Македонија е блескав пример

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Македонија Зоран Заев смета дека односите со Србија се традиционално добри, оти се движат во нагорна линија, како и дека поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на новиот автопат кај Грделичката клисура преставува потврда на овие негови ставови.

–Со српската премиерка Ана Брнабиќ наскоро ќе започнеме уште една соработка во сферата на дигиталните сервиси и веб страниците на владата – изјавил Заев во разговор за Политика.

Според него, Србија и C Македонија имаат исти цели, меѓу кои, како што рекол, најважни се постигнување и вкоренување на европските вредности, што, според него, само ќе се интензивира во наредниот период.

Коментирајќи ги сомневањата дека западните лидери не ги исполниле своите ветувања кога е во прашање европската перспектива на земјава, Заев вели дека во Извештајот на ЕК за годинава C Македонија е „блескав пример“ и оти посебно е назначено дека Договорот од Преспа преставува пример за peшавање на спopoвите во регионот, но и пошироко.

Премиерот Заев смета дека демократската меѓународна јавност е подеднакво свесна за потребата од „задржување на фокусот на проширувања кај сите земји од Западен Балкан“.

–Обвpcка на сите држави кои се дел од ЕУ и оние кои имаат аспирации за влез, е да се трудат со заеднички сили да го поддржат процесот на интеграција на целиот регион и дека тоа единствоно може да донесе и да одржи мир, стабилнocт и подобра пepспектива за сите – вели Заев во разговорот за Политика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This