March 28, 2024, 11:33 am

ЗАЕВ ЗЕМАЛ 20 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА: Дали Заев за пари од Бугарите ги продаде Македонските национални интереси?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Финансирање од страна на соросовите невладини организации и средствата без потекло од Швајцарија ја донесоа СДСМ на власт со буквално загубени избори.

Целото македонско население очекуваше дека Заев ќе ги задоволи апетитите само на албанското малцинство во Македонија, но тоа баш и не излезе така како што сите очекуваа. Како поминуваа деновите, така се виткаше кичмата. Прво Заев почна да игра шота, за на 1 август, ден пред големиот Македонски и верски празник Св. Илија / Илинден, буквално да ги продаде македонскиот идентитет и историја на Бугарите.

Сите помислија дека е вршен притисок од кој уште не, меѓутоа јавноста шпекулира дека всушност станува збор за наплата на долг.

Во однос на „Добрососедскиот“ договор, се повеќе се зборува од луѓе кои имаат информации од внатре дека станува збор за лихварско однесување на Заев, кој во залог ги остава сите македонски интереси.

Целата сага започнува со лицето Лазар Младенов, кој е релативно непознат во Македонија, но не и во Бугарија. За него на големо се зборува и во Софија, но и во Брисел. Овој човек, инаку, е претседател на Бугарскиот клуб во Струмица.

Каква е поврзаноста на Лазар Младенов со Зоран Заев? Имено, Зоран Заев преку Бугарскиот клуб добива 10 милиони евра капар пред изборите и уште 10 милиони евра по потпишувањето на „Добрососедскиот“ договор со Бугарија.

Првата рата од овие средства ги добиваат Младенов и Заев, при Заевата посета на Бугарија пред изборите, која очигледно не била за добрососедство.

Втората рата му е исплатена на Заев лично од Каракачанов, исто како и првата, за време на посетата на истиот на Македонија, за време на големиот македонски празник Илинден.

За возврат на Лазар Младенов, Зоран Заев ја вработува неговата ќерка Љубица Младенова Митева како директор во Здравствениот дом во Струмица, со завршен факултет по психологија, иако за тоа место е потребно да биде Доктор, по систематизацијата на институцијата. Исто така, Зоран Заев го вработува и синот на Лазар Младенов, Иван Младенов, како архитект во Секторот за урбанизам во Струмица.

Доколку се анализира целата ситуација, виткањето на кичмата на Заев сепак има цена. 20 милиони евра, ни цент повеќе, ни цент помалку, додека за „врската“, како трабант се свртеа две вработувања.

Се поставува прашањето, што уште има ветено Заев? Колку ли вкупно чини разнебитувањето на државата на овој самопрогласен премиер на Македонија?

Веројатно, до завршувањето на стоте денови на неговата Влада, ќе чуеме и побарувања од страна на Грција и на Србија. Очекувано е голема улога да имаат и „дипломатските“ преговори на Димитров за името, како и умилкувањето на Заев кон врвот на Србија.

Извор
Журнал.нет

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This