ЗАЕВ ИЗБРИША ПОД СО ЖЕРНОВСКИ: СДСМ сака свој кандидат за Центар?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На само неколку месеци пред локалните избори, дел од опозициските медиуми кои досега безрезервно го поддржуваа градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски излегоа со критики до првиот човек нa централната скопска општина. Прашањето кое се поставува во јавноста е дали СДСМ преку своите медиуми сака да му испрати порака на Жерновски во пресрет на локалните избори?

boesmka640

„Втората боемска улица за 200.000 евра поскапа од првата, Жерновски не кажува колку ќе чинат српските тамбураши“. Текст со ваков наслов се појави на опозицискиот портал СДК, во кој стои дека вториот дел од Боемската улица во скопско Дебар Маало чини над 200.000 евра поскапо од првиот дел пуштен пред две години, односно скоро 710.000 евра.

-Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски не кажува колку пари ќе бидат платени тамбурашите за отворањето на улицата, оти ќе биле платени со спонзори. Боемска 2, според договор објавен на Биро за јавни набавки на 29 март годинава, чини 43.632.737,00 или 709.475 евра.  Изградбата на првиот дел од Боемска улица Општина Центар ја чинеше 23.949.505 денари, за што градоначалникот Андреј Жерновски доби остри критики од жителите дека го направил најскапото поплочување во историјата на Скопје со близу половина милион евра за нови плочки, пишува порталот.

Општината пред две години, додава СДК.мк, кога беше пуштен во употреба првиот дел од Боемска улица, се правдаше дека за тие пари се уредени вкупно 2.700 квадратни метри како дел од уредувањето на Боемска улица, од кои 1.500 квадратни метри се на улицата Ѓорги Пешков, а останатиот дел од квадратурата отпаѓа на уредување пристапи и тротоари до новата улица. За споредба, посочува опозицискиот портал, тогаш скопјани ја посочија улицата Никола Вапцаров, која води до Плоштад Македонија, за чие уредување беа потрошени 180.000 евра.

Дури и порталот НОВА ТВ на Борјан Јовановски излегува со критики кон Жерновски. Тие му замеруваат на Жерновски за “високата цена за малата улица“. НОВА воедно го прашува Жерновски дали овие боемски улички се приоритет за граѓаните во Центар и дали тие за Општина Центар се она што за Град Скопје било „Панорамското тркало“.

-Дури 710.000 евра ќе ја чини општина Центар втората „Боемска улица“ која се наоѓа кај познатата кафеана „Идадија“ која е долга околу 270 метри. Високата цена за малата улица, градоначалникот Андреј Жерновски ја правда со квалитетот, кој според него е неспорен и видлив од првата „Боемска улица“, пишува НОВА ТВ.

Неочекуваните критики од опозициските медиуми на сметка на Жерновски го отвораат прашањето дали СДСМ преку нив сака да му прати порака на градоначалникот на Општина Центар на само неколку месеци пред локалните избори закажани за напролет. Останува нејасно дали СДСМ повторно ќе застане зад Жерновски при негова евентуална нова кандидатура, или пак можеби партијата на Зоран Заев ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Општина Центар?!

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This