April 27, 2024, 12:59 am

Заев имаше шанса да држи економски лекции, но тој три години држи лекции за kpиминал реkет и kорупција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев имаше шанса 3 години да држи економски лекции, но тој држеше лекции за криминал, рекет и kорупција. Македонија е на листата на најkорумпирани држави на Транспаренси интернешнл, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Три години наместо инвестиции гледавме рeкет на бизнисмени, гледавме како Боки 13 во Луј Витон торба носи милиони евра за на крај да посочи дека тие рекeтирани милиони завршиле кај Зоран Заев. Видовме како Ден Дончев става снопчиња со рeкетирани пари во кожна чанта. Слушнавме како Црногорски бизнисмени даваат 300.000 евра мито за Заев и Рашковски. Зоран Заев е на врвот на пирамидата на криминалот во Македонија, порачаа од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека три години наместо економски лекции Заев држеше лекции за местење на тендери.

-Заев политиката ја разбира како средство за лично богатење. На 15 јули овој криминал ќе престане, народот ќе избере Обнова за Македонија, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This