Заев: Интepвeнтниoт плaн зa инвecтиции 2021-2027 ce peaлни влoжyвaњa кoи знaчaт живoт зa гpaѓaнитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проектите од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 се реални вложувања, коишто живот значат за граѓаните, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за телевизијата „Клан“, според кого забелешките од опозицијата дека станува збор за празни ветувања се неосновани и тенденциозни.

„Имаме писма, документи, сме дошле до одредена фаза, донесена е одлука на Влада за усвојување на сите тие проекти и дадени се задолженија на институциите да влезат во финализација на правните документи за да почнат со реализација ваквите инвестиции – истакна  Заев и нагласи дека станува збор за процес на кој се работи подолго време, но дека сега се создадени услови да биде соопштен пред јавноста“.

Во тој контекст тој го најави капиталниот проект за ревитализација на Попова Шапка кој значи развој за регионот и наведе дека токму странскиот инвеститор самиот ќе соопшти повеќе детали за проектот.

Заев соопшти дека 4 милијарди и 200 милиони евра се приватни инвестиции, концесии и јавни-приватни партнерства, додека 3 милијарди и 800 милиони евра се јавни инвестиции пред сè за инфраструктурни проекти, како железница, патишта и слично.

Тој посочи дека станува збор за огромен број проекти и иако се надева дека сите тие ќе успеат да се реализираат, сепак не е исклучена можноста некои да не ја поминат бариерата во Парламентот.

Заев истакна дека некои од инвеститорите јавно ги објавија вложувањата како Лидл, проектот за Александропули, германската компанија ВПД достави документ за стратешка инвестиција за изградба за ветерен парк на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка од 400 мегавати, инвестиција вредна 500 милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This