ЗАЕВ И АНЃУШЕВ КРИМИНАЛНО ПРЕНАМЕНИЛЕ ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ГРАДЕЖНО: Анѓушеви ќе градат хидроцентрали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анѓушев и Заев криминално пренамениле земјоделско земјиште за Анѓушеви да градат хидроцентрали. Станува збор за бизнис кој ќе им донесе нови милиони во игра.

Четири дена за оваа тема молчат Владата, премиерот и вицепремиерот.

Откако незаконски го пренаменија земјоделското земјиште во градежно, исто така незаконски во експресен рок беше издадено одобрение за градење на Анѓушеви.

Како што веќе објавивме, Владата на Зоран Заев му помага на вицепремиерот Кочо Анѓушев и неговите фирми да се богатат, покажува криминалната одлука која свиркачи ја објавија во јавноста преку сајтот justpaste.it. Според одлуката, Анѓушев и Заев криминално пренамениле земјоделско земјиште за Анѓушеви градат хидроцентрали, со што нови милиони влегуваат во игра.

Владата на седница на 29 август донела одлука за пренамена на земјоделско земјиште во градежно земјиште. Тоа се 23 дена откако беа распишани изборите и откако владата практично е ограничена и не смее да носи вакви одлуки.

-Кога се распрашав зошто е тоа така, ми стана јасно. Зад фирмата која учествува во целата работа стои кој ако не Кочо Анѓушев. Имено станува збор за пренамена на земјиште со која неговата вредност неколкукратно се зголемува. Станува збор за земјиште на кое треба да се гради ХЕЦ Тополка со придружни објекти. Фирмите кои стојат зад сето ова се Energy delivery solutions и Hidro holding односно Мали Хидроелектрани Тополки ДОО сега регистрирана на бул.Свети Климент Охридски број 30, во управната зграда на Фероинвест на Кочо Анѓушев. Управител на МХЕ е братот на Кочо Анѓушев, Тодор Анѓушев, објавено е на сајтот кој е извор на информацијата.

На картелите на Заеви и Анѓушев бизнисите им цветаат на грбот на граѓаните

Владата на Социјал-демократскиот сојуз се претвори во комерција на фирмите на Заеви и Анѓушеви. Каква потреба имаат овие фирми, таква одлука носи владата во која Заев е премиер, а Анѓушев е вицепремиер, кажа Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Стаменковска прашува како поинаку да се толкува фактот дека владата донела одлука спротивно на законските ограничувања за овој период, со кој ги чести Анѓушев со пренамена на земјиште. Таа напомена дека повиканите молчат за овој скандал со кој земјоделското земјиште на Анѓушеви се пренаменува во градежно и со тоа десеткратно му се зголемува вредноста.

-Ова е веќе работа на надлежните институции за истрага на криминалот. Владата по распишувањето на локалните избори носи одлука за пренамена на земјоделско земјиште во сопственост на Анѓушеви во градежно и со тоа му се зголемува вредноста, односно се зголемува богатството на Анѓушеви. Дополнително им се овозможува на фирмите на Анѓушев „Energy delivery solutions“ и „Hidro holding“ односно „Мали Хидроелектрани Тополки ДОО“ да градат и на тој начин да си го шират семејниот бизнис, изјави Стаменковска.

Таа вели дека ова не се брани, дека ова е класичен пример на искористување на позициите во владата за да се излобира погодност за своето семејство и за фирмите на Анѓушеви.

-Фирмите на Анѓушев се во сериозна конкуренција на фирмите на Заеви кои имаат план да ја поседуваат цела Македонија. Јавноста отворено прашува како овие два картела ги имаат поделено бизнис интересите. На овие два картели бизнисите им цветаат на грбот на граѓаните и тоа ќе биде казнето на претстојните локални избори. Граѓаните ќе застанат на патот на оваа алчност и на ова лудило на владата на Социјал-демократскиот сојуз и многу скоро ќе им ја испорачаат сметката изразена во катастрофален пораз, изјави Стаменковска

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This