March 29, 2024, 10:51 am

ЗАЕВ И АНЃУШЕВ СЕ CKAPAA: Велешанецот од владата на Заев го немаше на трибината во Велес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само два дена откако Кочо Анѓушев најави дека ќе го напушти бродот на чие кормило е Зоран Заев и ќе продолжи да се занимава со бизнис, вицепремиерот за економија заработи и негативна одлука од Антикорупциската комисија

 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, инаку велешанец, денес не се обрати на трибината организирана од СДСМ во Велес.

Колку за споредба, неговиот колега од владиниот кабинет Горан Сугаревски се обрати пред своите сограѓани во Прилеп. Наместо Анѓушев во Велес се обрати партискиот претседател на комисијата за економија Кирил Колемишевски.

Останува нејасно дали постои разидување во ставовите помеѓу Анѓушев и Заев, или пак се случила и некаква поголема расправија.

Анѓушев само еден ден по најавата дека ќе го напушти бродот на Заев, заработи и негативна одлука од Антикорупциската комија.

Според ДКСК посоти судир на интереси помеѓу барањето за укинување на акцизата за литиумските батерии и подносителот „Брако“ чиј сопственик е токму Анѓушев.

Според образложението на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, Кочо Анѓушев учествувал на владините седници на кои се одлучувало по барањето на „Брако“, односно странски инвеститор од Полска, со кој вицепремиерот преговарал за укинување на акцизите.

Станува збор за владината седница на која акцизите за литиумски батерии се намалија од 15% на нула, а според пријавата наменска и служи единствено за задоволување на бизнис-потребите на вицепремиерот. Фирмата „Брако“ на Анѓушев е единствена фабрика во Македонија која произведува литиум-јонски акумулатор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This