April 26, 2024, 12:31 pm

Заев и Ахмети дoгoвopиja зaeднички нacтaп нa лoкaлнитe избopи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и ДУИ ќе настапат заедно на претстојните локални избори. Ова е епилогот по денешната средба меѓу лидерите на двете партии Зоран Заев и Али Ахмети. Договорот е поддршка да се даде во некои општини во првиот круг, а во некои во вториот. Соработката Заев ја објави на својот Фејсбук профил.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори.

Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.

Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба.

Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг.

Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This