ЗАЕВ И АХМЕТИ СО ИСТИ БАРАЊА: Ахмети не влегувал во Влада без бинационална држава и двојазичност, Заев нема ни да ги добие изборите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на најголемата албанска партија во државава Али Ахмети вечерва пред својата младина во Чаир промовираше нови „решенија“ кои ќе доведат до конечно бинационализирање на државата. Иако од партијата негираат, со ова излагање на Ахмети практично се поставува барање за нов Рамковен договор

zaev_ahmeti

Најлута конкуренција на Ахмети овие избори најверојатно ќе му биде Зоран Заев и СДСМ, кој пак веќе половина година излегува со истите барања, но надградени и проширени.

Македонската јавност беше сведок на инцијативата на главниот перјаник на Заев, Бранко Геровски кој уште минатата година започна со иницирање на идејата за федерализирање на Македонија, велејќи дека тоа е „добра идеја, од која не треба да се бега туку да се зборува за неа“, притоа давајќи му поддршка на планот на Заев за воведување на двојазичност на целата територија и федерализирање на државата.

Ахмети пак, на овие избори излегува со нешто поостра националистичка реторика во која се наведува дека „ДУИ нема ниту еден сојузник кај Македонците“ и дека „единствен сојузник на ДУИ е албанскиот народ“. Ваквата реторика е својствена за партија од албанскиот политички спектрум. За жал, Заев не може да се користи со вака отворени поенти бидејќи како што и самиот изјави „не му доликувало да биде патриот“, притоа не потенцирајќи дали патриотските чувства му се Македонски или Албански.

Како и Заев, вечерва Ахмети порача дека тие ќе бараат воведување на двојазичност на целата територија но со една предност пред Заев, а тоа е дека тие имаат можност да не влезат во победничката влада доколку за ова барање не добијат гаранција. Бидејќи Заев не е на власт и нема изгледи дека ќе победи тој не е во можност да понуди ваква гаранција на албанскиот електорат. Сепак, дали барањата на Ахмети ќе бидат прифатени од страна на победничката партија останува под знак прашање, особено ако се знае дека токму ВМРО-ДПМНЕ сите овие години е жесток противник на проширувањето на обврските од Охридскиот Рамковен договор и бинационализирање на земјата.

Заев од друга страна нема проблем со ова. Тој е спремен да ги прифати сите радикални националистички барања на Ахмети, само за да седне во нивниот скут кој по 11-ти декември најверојатно повторно ќе биде владин.

На вечерашниот настап, Ахмети додаде дека набрзо ќе дојде време кога „Албанците ќе се борат за некоја неправда нанесена на Македонец, бидејќи Македоните ќе станат малцинство“.  Оваа изјава само кажува за кохезијата помеѓу политиката која сака да ја води Заев и онаа на Ахмети. 

Имено, токму Заев беше човекот кој најави дека неговата ќерка ќе имала потреба да го знае Албанскиот јазик во Струмица каде во моментов доминантно население е Македонско, додека Албанското се брои во децимали. Ист е примерот и со Прилеп. Двата града во кој Албанците се најмалку застапени. Вечерашнава изјава на Ахмети сепак, ја разјаснува идејата на Заев.

Според Ахмети, Заев нема право на албанските гласови бидејќи доцнел околу 15-тина години, но Заев не мисли така. На граѓаните им останува да размислат дали сакаат бинационална држава со задолжителен Албански јазик, и федерализирана територија во која ќе им треба патна исправа после Групчин, или унитарна држава на мнозинскиот народ со неограничени малцински права.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This