ЗАЕВ И ГО ПРИДРЖА МИКРОФОНОТ: Зоран Заев го предводеше маршот за правата на жените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е 8- ми март, Меѓународен ден на жената. Не се потребни скапи подароци, бидејќи сите мажи, но и жени треба да се запрашаат што направиле за еднаквоста и рамноправноста.

Ова беше една од пораките на денешниот марш за правата на жените. Високи претставници на државниот врв предводени од премиерот Зоран Заев учествуваа на  маршот за правата на жените и еднаквост во општеството.

Дали навистина е среќен „Осми март“ – ова прашање денеска јавно го поставија граѓанските активисти и активистки кои низ улиците на главниот град попладнево маршираа за да го одбележат Меѓународниот ден на жената.

Носителите на одлуки не смеат да ги обвинат мајките за енормната смртност на доенчињата поради недоволна грижа на нивното здравје. За предвременото породување е виновно енормното загадување на водата и воздухот, но и државата која не обезбедува здравствена заштита за бремените жени – беше порачано на маршот кој почна во Жена Парк, по што активстите и активистките се упатија кон Плоштад Македонија и Камениот Мост, а завршија на плоштадот Филип Втори.

Со транспаренти Феминизација на сиромаштијата; Вистинската жена прави се’ што сака;  Жените ги сакаат само нивните фундаментални права тие ги повикаа мажите да се солидализираат со нив за да ги надминат родовите стереотипи.

Феминистите и феминистките од центарот на главниот град денеска им порачаа на политичарите дека треба да преземат конкретни чекори за еднакви економски, социјални и политички можности на жените. Тие најавија дека борбата зародова еднаквост ќе ја продолжат гласно и достоинствено.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This