ЗАЕВ И НЕГОВАТА ВЛАДА ЗА САМО 5 МЕСЕЦИ ЈА ТУРНАА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако тврдеше дека ќе одржеле лекција по економија, Зоран Заев и неговата влада за само 5 месеци ја турнаа македонската економија во рецесија. Трет месец последователно се бележи пад на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори со што е намалена конкурентноста на македонската економија.

Пад во економијата речиси во секој сегмент, по преземањето на власта од страна на СДСМ.  Според последните податоци од Државниот завод за статистика извозот во месец август во однос на месец јули бележи пад од 8,2 отсто. Претходно, извозот паѓаше и во месец јуни во однос на месец јуни за 5,5 отсто, односно месец јули во однос на месец јуни за дури 12,1 отсто.

Економијата оди надолу. Многу сериозно истакнувам и така сакам да бидам сфатен дека овие штетни економски политики водат кон сериозни ризици и далекусежни последици, и затоа мора да запрат и тоа што побргу, истакна на вчерашниот митинг во Крушево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Расходите за капитални инвестиции се преполовени. Во првите 5 месеци од годината и тоа во многу полоша ситуација и во период кога функционираше техничка влада, на месечно ниво во капитални инвестиции од буџетот се инвестираа во просек по 25 милиони евра. Откога се овие некадарни луѓе во владата, во јуни, јули и август, капиталните инвестиции во просек месечно  изнесуваат по скромни 14 милиони евра, посочи Груевски, додавајќи дека тоа е најголемата причина за економскиот пад.

Појасни дека со вака преполовени капитални инвестиции паѓа и градежнишството кое мотор на растот на Бруто домашниот производ.

-А кога паѓа градежништвото со него паѓаат и уште 25 индустриски гранки, кои се поврзани со него. И ако порано на секои два дена слушавме добри вести во економијата, денес секој ден слушаме лоши. Како извозот паѓа, колку индустриското производство оди надоле, како платите опаѓаат, Бруто домашниот промет опаѓа. Жива странска инвестиција не доаѓа, а тие што се тука размислуваат да си заминат. Рекетот се врати по улиците, криминалот длабоко навлегува во секоја пора во општеството. Граѓаните не се сигурни, нагласи Груевски.

Покрај продолжениот пад на извозот, Македонија се соочува и со пад пад на просечната плата, пад на индустриското производство, како и сериозен пад на девизните резерви на државата.

Падот на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори ја намалија конкурентноста на македонската економија. Тоа почнаа да го нотираат и меѓународните институции. Во последниот извештај на Светскиот економски форум, Македонија воопшто ја нема на листата. Од вкупно 137 земји, Македонија не е ниту приближно до Јемен, Замбија или Уганда, кои се меѓу најнеконкурентните економии во светот. За потсетување, Македонија до лани постојано напредуваше на листата. Беше рангирана на 80-то место во 2012-та и успеа да напредува 12 позиции до лани кога се најде на 68-то место.

Освен тоа што не нема на меѓународните извештаи, македонското стопанство бележи лоши резултати и по сектори на домашниот пазар, што е показател на негативните тенденции на економијата. На тоа алармираа и бизнисмените и аналитичарите. Последните статистички податоци, пак,  покажуваат пад на индустријата за 5.3%, на градежништвото за 17.3 отсто и намалување на просечната нето плата во јули од 0.6%.Ниту Владата, ниту монетарните власти повеќе не се оптимисти. Владината проекција за економски раст падна на 2.2% за годинава, додека гувернерот Богов по лошите резултати во првата половина од годинава, односно намалените активности на банките за 1.6 отсто, изјави дека се сомнева дека економијата воопшто ќе има зголемување во 2017-та.

Поранешниот заменик министер за економија, Христијан Делев истакнува дека за состојба со странските инвестиции во земјава, откако СДСМ е на власт и за тоа каква штета Владата на Зоран Заев нанесува на Македонија со својот игнорантски однос кон инвеститорите.

-За жал состојбата со странските инвестиции е на доста загрижувачко ниво. Моменталната влада со негативна кампања направи многу лоша слика и перцепција во Македонија за странските инвеститори и инвестиции. Тие ја чувствуваат негативната клима која е вештачки создадена во Македонија. Моменталната Влада кога беше во опозиција дозволи студенти да направат анализа и дадоа апсолутно неточни бројки за тоа колку субвенции седадени за странските компании. Тоа е само потврда дека треба екстерно тестирање и проверка на знаењето затоа што било кој студент било каде во светот знае дека странските инвестиции се еден од најглавните фактори двигатели на економиите. Во САД државите се натпреваруваат која ќе привлече инвеститори, на глобално ниво се водат војни да се привлечат инвестиции. Ова е голем процес кој претходната Влада си го сфати сериозно и за 10 години направи огромен успех и исчекор, рече Делев.

Делев потенцира дека  единствената студија која е релевантна и може да ја отслика реалната слика  во делот на инвестициите и макроекономскиот ефек е студијата која неодамна ја објави Народна банка чиј заклучок е дека доколку не биле странските компании во Македонија, земјава би била во лоша економска состојба.

-Во првите 8 месеци е зголемен извозот од Македонија за 13 %. Тоа е благодарение на три конкретни компании кои се донесени од претходната Влада. Нема ниту збор од нови компании, не станува збор за ефект од новите мерки, од новите политики што ги спроведува новата Влада. Допрва ќе го гледаме негативниот ефект со таканаречените стратегии, наслови,  кои ги објавија без анализа. Допрва тоа ќе го почувствуваме сите граѓани, а на крајот сите ќе бидеме губитници. Колку помалку странски инвестиции, толку помалку вработувања во Македонија. Тоа ќе го искористат нашите соседи. Кога имаше трансфер на власта, им оставивме во наследство 60 компании кои беа во финална фаза на преговори,  кои требаше во овој период само да се потпишат. Ниту една од тие компании не е исконтактирана. Немало слух тие компании барем да се исконтактираат и да се види што сакале тие да направат во Македонија, порача Делев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This