ЗАЕВ И НЕГОВИТЕ СКАПИ ИГРАЧКИ: Возен парк од квадцикли и моторни санки во вредност од над 30.000 евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Човекот кој сам кажа дека во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ тој заработил десетици милиони евра, заедно со неговите чичковци и „татковци“, реши преку социјалната мрежа Фејсбук да се пофали со возниот парк на моторизирани санки и квадцикли во вредност од преку 30.000 евра

sanka

Нормално квадциклите и моторните санки не се пријавени во неговиот имотен лист до Државната комисија за спречување на корупција, иако уште минатата година се пофали со слични вакви возила, со постаро производство. Оваа година се „надоградил“.
suzuki_kvad
Во изминатите две години Зоран Заев, заедно со неговите странски поддржувачи но и домашните НВО финансирани од странски пари како оние на Сорос и фондовите на УСАИД, освен тоа што ја финансираше неговата валкана кампања, и се обидуваше да предизвика дестабилизација во земјата, очигледно е дека и добро кеширал.
zaev_anketen

Тој и неговиот клан кеширале и преку малверзациите кои се одвивале преку општинското претпријатие „Струмица Гас“, а јавноста беше сведок и на коруптивен скандал кој беше снимен со ПИ Мерки, на кои јасно можеше да се види и слушне како Зоран Заев бара мито од 200.000 евра, а дури и ја објасни технологијата на распределба на парите. Ваквиот начин на работа неколкупати ја потврди и лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, кој понуди докази дека Заев барал мито и од него!

kvad_suziki

Во меѓувреме, додека Заев ужива и се забавува со неговите скапи играчки, платени со парите на струмичани, жителите на општина Струмица нозе искшрија по неисчистените и замрзнати улици.

kvad_ceni

Тротоарите низ Струмица се преполни со мраз, а резултат на тоа се многубројните скршеници на граѓаните од сите возрасти, кои се повеќе ги полнат ходниците во општата болница.

Состојбата во струмичките села е алармантна.

Во село Рич жителите веќе 4 дена се заробени. Од таму во телефонски разговор за Телеканал А1, велат дека освен со теренско возило со ништо друго не може да се стигне до селото, освен можеби квадовите на Заев вредни по 10.000 евра секој.

По очигледната негрижа на општина Струмица, Кире Михаилов и вработените во ПСШ „Беласица“ самоиницијативно започнаа со акција за помош околу расчитување на снегот и мразот во населените места Вељуса и Добрејци. Жителите на овие населени места беа воодушевени од иницијативата и ја прифатија, при што и самите се вклучија во акцијата.
Во текот на утрешниот ден, акцијата ќе продолжи во Добрејци.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This