April 20, 2024, 10:38 am

ЗАЕВ И ОСУМИНАТА ЗAЛOЖHИЦИ: Заев ги „шета по ќерамиди“, тие мислат ќе се спасат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Раздели па владеј. Иако не изгледа многу мудро, Заев со старата добра стратегија во однос на опозицијата успеа да го обезбеди 2/3 мнозинство за поддршка на иницијативата за имени на Уставот, а со цел промена на уставното име. Осумината заложници на Заев успеаа да го одржат на власт човекот кој беше донесен токму за да го промени името на државата и му помогнаа да ја оствари својата примарна цел.

Сепак не треба да го преценуваме Заев, кој својата цел ја оствари со координирана (зло)употреба и притисоци од судството, СЈО и јавното обвинителство, и успеа да уцени 7 пратеници од ВМРО и една пратеничка од Социјалистичката партија кои на 19-ти гласаа кренаа рака за Северна. Според шпекулациите во јавност и нашите информации покрај државниот апарат клучна улуга во обезбедувањето на заложниците играле и брат Вице Заев, како и братучед Сашо Мијалков, кои со здружени напори користеле и одредени понуди за материјални придобивки кои им биле ветувани на дел од пратениците за да се стигне до целта.

Заев и натаму со субверзицни акции, нелегални дејствија успеа да се одржи на власт и да го добие долго посакуваното 2/3 мнозинство. Имено дури тројцата пратеници кои се справуваа со монтирано обвинети за тероризам (Мукоски, Арнаудов и Василевски) за возврат за нивниот глас за Северна ќе добијат слобода,Авировиќ преку Апелациониот суд ќе добие слобода за осудениот син, Сеад Кочан спонзорот на Рамчиловиќ ќе добие одблокирани сметки за бизнисот на неговите фирми, а Вице и Мијалков ќе добијат поголема шанса за окрупнување на приватниот капитал, и така натаму.

Но, по кој знае кој пат се покажа дека на Заев не може да му се верува, а дента кога Муковски, Канческа – Милевска, Арнаудов, Василевски, Александрова и други пружиле рака и се договориле со Заев, како и голем дел од македонските граѓани и тие биле излажани, а Заев умешно ја искористил нивната збунетост, страв, семејни неприлики, судските малтретирања, нивната потчинета положба кон државниот апарат и нивната зависност од институциите кои токму тој ги диригира, и им изнудил на поголем дел од овие пратеници да пуштат рака дека ќе гласаат за уставните измени и да се договорат за нешто што тој или не сака или не смее во целост да го исполни.

Токму поради овие игри кои терористите можат да ги играат, Американците не преговараат со терористи, а нашива заложници Северџани очигледно не гледале доволно американски филмови за да го знаат тоа иако се декларираат како крајно прозападни. Тие не ја научиле клучната лекција и главната максима на Американската држава кога станува збор за справување со тероризам ,,We don’t negotiate with terrorist’s”, односно не преговараме со терористи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This