ЗАЕВ И ПУКАШЕ ВО НОГА НА МАКЕДОНИЈА: Заев изгубен во просторот- се откажува од македонската историја, договорот има спорни точки штетни за Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
Заедничко чествување на Илинден е дамнешна желба на Бугарите која претходната власт одбиваше да се согласи поради тоа што значеше губење на посебноста на нашиот најважен датум во историјата.
- Advertisement -

Оптимистичките изјави на премиерот Зоран Заев дека многу скоро ќе се потпише договорот за добрососедство со Бугарија предизвикаа реакции во Скопје и во Софија. Бугарските власти и историчари се задоволни што договорот оди во нивна корист и ги содржи сите нивни барања.

Тоа пред се се однесува на заедничко славење на важни историски датуми од македонската историја како што е Илинден и Кирил и Методиј. Заедничко чествување на Илинден е дамнешна желба на Бугарите која претходната власт одбиваше да се согласи поради тоа што значеше губење на посебноста на нашиот најважен датум во историјата.

Македонија сама си пукаше во нога

Договорот за добрососедство има три спорни точки, меѓу кои откажување од македонското малцинство, Македонија треба да се откаже од македонската историја и да прифатиме дека имаме заедничка историја, како и да се откаже од македонскиот јазик.

На овој начин, Македонија сама си пука во нога за идентитетските одредници од преговорите со Грција. Додека самите си го негираме јазикот, Грција само трие раце, бидејќи Бугарите благодарение на Заев им ја завршија работата. Сега Грците ќе ја застапуваат тезата дека за име преговараат, а јазик и нација не чешкаат. Па така, придавките македонски (macedonian) за јазик и нација ќе пропаднат во дупка и ќе станат спорни, односно Грците ке инсистираат да произлегуваат од новото име, односно на пример Северо или Вардаромакедонци и северомакедонски или вардаромакедонски јазик.

Под превезот дека го закопува национализмот, Заев удри по сопствената држава. Иако постојано говори за некакви дебати при носење на одлуки, неговата денешна одлука е донесена без консултација со никого, освен главниот сдсмовски идеолог Љубомир Фрчкоски и докажаниот бугарофил Никола Димитров.

Еден од најголемите негатори на Македонија и на Македонците, бугарскиот историчар Божидар Димитров коментирајќи ја посетата на Зоран Заев на Софија порача дека Скопје мора да престане со крадење на туѓата историја.

-Македонија мора да се откаже од сегашното име кое е грчко културно наследство и да си избере ново, изјави Димитров во интервјуто за бугарската телевизија.

Тој потсети дека на својот Фејсбук профил предложил 7-8 имиња за Македонија и дека на неговите следбеници најмногу им се допаднало името Југозападна Бугарија.

Потегот на Зае  историчарите го коментираат како двоумење за сопствената историја и за првпат македонски премиер се двоуми за издржаноста на македонската вистина за историјата.

Договорот за добрососесдтво со Бугарија треба да биде надополнување на договорот од 1999 година потпишан од тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, кој имаше рок од 10 години. На сите средби на работните групи Бугарите  инсистира на заедничко чествување на македонската историја.

Во 2012 година претседателот Ѓорѓе Иванов на бугарскиот колега Плевнелиев му понуди неколку датуми за  нови празнувања, како   9 мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Но, властите во Софија не беа задоволни и под „заедничко прославување гледа сосема други празници. Плевнелиев оцени дека тоа е многу далеку од тоа кое Бугарија го смета за одбележување заеднички датуми, па побара вистински конкретни датуми и личности, како Илинден и Гоце Делчев.

 Плевнелиев  велеше дека „Македонија треба да влезе во ЕУ, но „не и македонизмот“.

– Македонизмот е една идеологија која е не само антибугарска, туку е и антидемократска. Тоа е една идеологија на тотални манипулации со историјата. Тоа е една идеологија која создава напнатост, тензии меѓу идните поколенија-изјави Плевелиев.

Довчерашниот шеф на дипломатијата Никола Попоски во интервју за Бугарското национално радио посочи дека договор за добрососедство со Бугарија не е неопходен.

– Мој личен став е дека не е неопходен, дека всушност добрососедство не се гради на хартија, туку се гради со конкретни гестови и мислам дека помеѓу Бугарија и Македонија има многу добра основа за одлични односи-нагласи Попоски.

За време на преговорите со Бугарија академикот Блаже Ристовски изјавуваше дека тој договор е штетен за Македонија.

– Ништо не е спорно, само што и тие бараат да не сме Македонци, да сме во минатото Бугари , да прифатиме дека имаме бугарски корени и дека сме се родиле денеска како нова творба.

Денеска Зоран Заев најави дека премиерот Бојко Борисов за Илинден ќе дојде во Македонија и тогаш ќе потпише договорот. Останува да се види дали дотогаш ќе биде презентирана целата содржина за договорот за граѓаните.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This