April 20, 2024, 12:21 pm

Заев и СДСМ го иcцицaa народот, нивниот лyкcyз граѓаните го плaќaaт со последниот денар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ преку РКЕ удира по џебот на граѓаните. Чекаа да поминат изборите па да ја донесат одлуката, која ја одлагаа од почетокот на јули, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ уште пред изборите тргнаа со умисла да го ограбуваат народот. Во цела Европа цената на струјата се намалува, само во Македонија со Заев се зголемува. За жал наместо РКЕ да се грижи сите играчи на пазарот да бидат заштитени и рамноправни меѓу себе, како што стои во Законот за енергетика, таа се грижи само за профитот на енергетските компании. Ова резултираше со незадоволство кај граѓаните. Револтот е јасен во време на корона криза, економски колапс во најава, зголемено задолжување и осиромашување на народот, оваа одлука е само капак на сите промашувања во енергетскиот сектор го направи власта на Заев. Затоа на самопрогласените „шампиони“ во енергетиката им порачуваме: Енергетиката не се гради преку ноќ, но може лесно да се уништи преку ноќ, а за жал РКЕ и СДСМ се „експерти“ во уништување, пишува во партиското соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This