ЗАЕВ И СДСМ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА ЗЛОСТОРСТВАТА И НАСИЛСТВОТО: Нечовечкото и предавничко однесување мора да се казни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ, засекогаш ќе останат запишани меѓу хероите кои се бореле и ја создале Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ длабоко се поклонува пред ликот и делото на 8-те херои, припадници на безбедносните структури на Република Македонија, кои пред 2 години во Куманово во антитерористичка акција ги положија своите животи во одбрана на Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

dragan-danev-2-640x349

 

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Данев

Вечна им слава! Македонија никогаш нема да ги заборави своите херои!

Сите ние ќе им бидеме вечни должници за нивната неверојатна храброст и пожртвуваност.

За разлика од нив, Зоран Заев и Оливер Спасовски засекогаш ќе останат на другата страна, меѓу оние кои му свртеле грб на својот народ. На столбот на срамот.

Зоран Заев и Оливер Спасовски треба цел живот да се срамат за своето нечовечко и предавничко однесување и дејствување. Тие треба цел живот да се срамат затоа што денот по антитерористичката акција отидоа и се сликаа селфи смеејќи се на местото на кое пред само неколку часа подмолно беа убиени 8-те храбри синови на нашата држава. Поддржувачите на Заев ги напаѓаа и навредуваа колегите на загинатите херои и на полициските службеници им порачуваа „Куманово пак да ви се случи”.

Целата јавност уште се прашува што зошто Зоран Заев и Оливер Спасовски се смееја и фотографираа на местото каде што беа убиени македонските херои. Што имаше смешно? Зошто медиумите под контрола на СДС/Сорос објавуваа лажни вести за загинати мајки и деца?

Срамното и антидржавното однесување на Зоран Заев не престана тука. Зоран Заев оди до крај кога е во прашање газењето врз чувствата на Македонија. Зоран Заев прифати реализиција на Тиранска Платформа и со тоа прифати да најде начин да ги пушти на слобода терористите кои ги убија припадниците на полицијата кои ја бранеа Македонија.

Зоран Заев за да дојде на власт и да ја реализира Тиранската Платформа се обиде насилно да избере претседател на Собрание. Затоа видовме албански знамиња во кабинетот кој треба да му припаѓа на претседателот на Собранието и се најавува дека македонското Собрание ќе биде трет парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик.

Зоран Заев упорно гази по чувствата на Македонија. Граѓаните се иритирани од ваквите политики на Зоран Заев и неговото антидржавничко и антинационално делување.

Одговорност за политичкото насилство на Заев и СДС мора да има.

Граѓаните не сакаат политичар кој ќе им ја витка кичмата, граѓаните си ги слават и сакат хероите, но и ги паметат и презираат предавниците.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This