Заев и Филипче со месец лажат дека набавиле вакцини од Бугарија, па од Грција, па од Србија, за да на крај дознаеме дека вакцините ниту се набавени, ниту пак е регистрирани кај нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов ден и нов срам и катастрофа на Венко Филипче и Зоран Заев. Заради неспособноста на власта, Република Македонија и граѓаните остануваат единствени во регионот и Европа кои не знаат кога ќе се започне со вакцинација, ниту пак колку вакцини ќе добијат на располагање, обвинува портпаролто на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Причината за тоа е затоа што владата не само што не набави вакцини на време, туку и затоа што не ја регистрирала вакцината на Фајзер и немала направено план за вакцинација, а пак македонската јавност тоа го дозна денеска и замислете не од нашите медиуми и политичари туку од српската премиерка Ана Брнабиќ, вели тој.

Иако власта се пофали дека набавила 8.000 вакцини од Србија, премиерката на Србија денеска откри дека Македонија не може да ги добие истите затоа што поентата не е само да се набават, туку и да се регистрираат, но и да се направи план етапно како ќе се спроведе вакцинацијатадодава Арсовски.

Скандал од невидени размери, брука и срам. Додека сите држави се вакцинираат, власта со својата несериозност и неспособност дополнително ги загрози животите на македонските граѓани, потенцира портпаролот.

Зоран Заев и Венко Филипче ја оставија Република Македонија и граѓаните без ниту една вакцина, а поради тоа граѓаните умираат по болници.

Веќе три месеци и повеќе лажат дека набавиле вакцини од Бугарија, па потоа и од Грција, а сега и од Србија, за да на крај дознаеме дека вакцините ниту се набавени, ниту пак е регистрирана било каква вакцина за КОВИД-19 во државава, ниту има план како ќе се одвива целиот процес.

Да се фокусираа повеќе на заштита на здравјето и животите на граѓаните, наместо на сопствениот ПР и промоција, можеби ќе знаеја дека вакцината треба да се регистрира и да се направи план за вакцинирање. Но, зафатени со глумење на лажен хероизам, од самиот почеток на пандемијата лажат, а жртвите на тие лаги се граѓаните кои ги губат животите.
За ваква несериозност во најмала рака потребни се неотповикливи оставки уште веднаш, а потоа и кривична одговорност за загрозување на јавното здравје на граѓаните на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This