ЗАЕВ И ЦИПРАС ВЕЌЕ РАЗГОВАРАЛЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчки медиуми јавуваат дека телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Заев и Ципрас веќе е направен.

Според пишувањата, Заев и Ципрас се слушнале во 15 часот (по грчко време) и разговарале околу еден час.Разговорот е позитивно оценет, но не се откриваат детали. Се наведува дека следувал уште еден телефонски повик што се очекува да биде направен утре наутро, кога би се заокружил договорот.

Прес конференција за новинарите за утре најави и лидерот на партијата Независни грци, Панос Каменос, кој се противи на решение коешто во себе ќе го содржи името – Македонија.

Претходно денеска, премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека многу брзо ќе биде постигнато решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција и оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни.

За името кое што ќе биде постингато како можно решение не сакаше да шпекулира ниту сакаше да одговори на новинарско прашање дали Република Северна Македонија како најчесто споменувано во грчките медиуми е можната прифатлива опција.

Грчките медиуми пишуваат дека Заев в среда ќе се сретне со германската канцеларка Меркел за да ја информира за договорот за спорот за името. Заев денеска кажа дека на средбите со високи германски претставници нема да се разговара за тоа. Тој рече дека спорот се решава на ниво на билатерална комуникација меѓу Грција и Македонија,

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This